Македонската фудбалска репрезентација ја направи традиционалната групна фотографија пред стартот на Европското првенство, кое за нас официјално почнува во недела.
Нашите „рисови“ позираа во старите дресови и најавија дека Македонија дефинитивно ќе играат токму со нив на дебитанското ЕУРО 2020.
Селекторот, Игор Ангеловски и неговите момци во првото коло ќе се сретнат со Австрија, на 17. овој месец ги чека мечот со Украина, додека четири дена подоцна ќе играат против Холандија во Амстердам.