понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Целиот фудбалски свет во шок: Роби Вилијамс го отвори Светското првенство, па со среден прст ги шокираше фановите (ФОТО+ВИДЕО)

Целиот фудбалски свет во шок: Роби Вилијамс го отвори Светското првенство, па со среден прст ги шокираше фановите (ФОТО+ВИДЕО)

Британскиот пејач Роби Вилијамс го отвори спектаклот. Се започна половина час пред почетокот на натпреварот на Светското првенство меѓу Русија и Саудиска Арабија кој се игра на стадионот Лужники.

Познатиот британски пејач Роби Вилијамс го отвори спектаклот во Русија. Тој пред почетокот на првиот натпревар го отпеа својот хит „Angels“ заедно со руската сопранистка Аида Гарифулин.

Во текот на нивниот концерт на тревникот минуваа танчери носејќи знамиња на сите учесници на Светското првенство, а пред самиот крај на нивниот заеднички настап на тревникот дојде и легендарниот Бразилец, Роналдо кој веднаш по доаѓањето на теренот покажа дека е желен за фудбал правејќи и „финтата“ на маскотата на Светското првенство.

На самиот крај на настапот британскиот пејач ги шокираше фановите покажувајќи среден прст кон камерата.

За Вилијамс ова беше исполнување на детските сништа.

-Правев доста работи во кариерата, но да го отвориш Светското првенство пред 80 илјади навивачи на фудбалски стадион и за милиони гледачи во целиот свет е остварување на детските сништа.