петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чачиќ: Не можеме да го пуштиме Адеми

Чачиќ: Не можеме да го пуштиме Адеми

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, по победата на Динамо против Локомотива (2:1) уште еднаш ја коментираше ситуацијата во која се наоѓа Аријан Адеми. Капитенот на Динамо минатата недела побара траснфер, а клубот го одби неговото барање. Според хрватските медиуми Валенсија сериозно е заинтересирана за Адеми.

„Бев јасен пред десет дена. Единствениот што може да замине е голманот Ливаковиќ, сите останати остануваат. Не би го пуштиле (Адеми) да си замине без разлика какви се понудите. Не можеме да го пуштиме капитенот затоа што мислам дека навистина ни е потребен”, рече Чачиќ.

Адеми го одигра целиот натпревар против Локомотива. Цело време на теренот беше и вториот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски, кој во 36.минута го постигна првиот гол на натпреварот.