среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави без клучни фудбалери во пресрет на “Ел Класико”

Чави без клучни фудбалери во пресрет на “Ел Класико”

Репрезентативната пауза донесе проблеми за Чави, откако тренерот на Барселона oстана без двајца стандардни првотимци.

Проблемите се уште поголеми ако се знае дека Барса веднаш по паузата ја очекува двомеч со Интер кој ќе биде клучен за пласманот во осминафиналето од ЛШ, а за 16 октомври е закажано големото дерби на Ла Лига против Реал Мадрид.

Жил Кунде поради повреда на мускулот мораше да биде заменет уште во првото полувремето. Лекарите не се големи оптимисти дека Кунде би можел да се врати во терените во наредните дваесетина дена.Се повреди и Араухо, стандардниот дефанзивец кој стартуваше на седум од првите осум овосезонски дуели на Барса. Сеуште не се знае колку овој фудбалер ќе одсуствува од фудбалските терени.