По големата „Ел Класико“ победа, следеш двенеделна пауза од клупскиот фудбал поради обврските кои ги имаа играчите со своите репрезентации, па така сега Барселона ја чека ново дерби, но во сосема поинакво расположение.
Атмосферата во тимот е значително подобра и победата од 0:4 против Реал Мадрид беше само потврда за напредокот на Барса под водство на Чави Ернандес, кој пред натпреварот со Севилја испрати директна порака до Жоан Лапорта околу двајца фудбалери кои се интересни за останатите клубови, а кои се уште водат преговори со Барселона за нови договори.
Роналд Араухо и Гави се клучни во ротацијата на Чави, но и на двајцата договорите им завршуваат во 2023-та година, што значи дека најдобро ќе биде да бидат осигурани од клубот пред почетокот на летниот преоден рок.
– Роналд и Гави се многу важни за мене. Веќе јасно ставив до знаење колку се тие важни за мене со оглед на минутажата и улогата која ја имаат.Клубот не смее да си дозволи нивно заминување, не смеат да си одат Араухо и Гави. Тие се клучни за проектот и верувам дека е само прашање на време кога ќе се постигне договор, – изјави Чави.