вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави Ернандез од денеска и официјално е тренер на Барселона

Чави Ернандез од денеска и официјално е тренер на Барселона

Шпанскиот тренер, Чави Ернандез од денеска и официјално е тренер на Барселона.

Веста ја потврди тимот на Ал Саад, кој преку соопштение извести дека Барселона платила сума од пет милиони евра.

Договорот е веќе постигнат, а се очекува да биде официјализиран и во Барселона.

Чави е пречекан со голем ентузијазам од навивачите на Каталонците бидејќи се смета за личност која добро ја познава филозофијата на клубот и очекувањата од него се големи.

Чави во Барселона ќе го замени Роналд Куман, кој пред неколку дена доби отказ поради лошите резултати.