вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави Хернандес потпишува нов договор со Барселона

Чави Хернандес потпишува нов договор со Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона и тренерот Чави Хернандез се близу до продолжување на соработката.

Според најавите, двете страни ги договориле условите уште на крајот на месец март. Сепак, тогаш самиот Чави побарал финалните преговори да се одложат за по крајот на сезоната.

Неговата желба била да се фокусира само на фудбалот, а сега откако клубот ја освои шампионската титула, време е за финализација на договорот.

Финансиите и останатите бирократски работи никогаш не биле проблем, па така Чави и Барселона бргу постигнаа договор. Во наредните денови се очекува потписот и официјализација на продолжената соработка.