Барселона не смета на босанскиот играч за врска Миралем Пјаниќ и бара од него малку да се потруди околу заминувањето од клубот.
Според информациите од Шпанија, клубот веќе го информирал Пјаниќ и неговиот агент дека тој не е планиран на листата на патници за претсезонска турнеја во САД.
Иднината на Пјаниќ стана уште покомплицирана откако во тимот на Барселона дојде ѕвездата на Милан, Френк Кеси, а Чави и натаму одбива да го врати Пјаниќ во тимот за следната сезона.
Босанецот минатата сезона ја помина на позајмица во екипата на Бешикташ, од каде летово се врати во Шпанија.