среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави: Им кажав на играчите дека најдобро ќе биде да се повлечеме

Чави: Им кажав на играчите дека најдобро ќе биде да се повлечеме

Чави Ернандес се покажа како тренерот кој ја враќа стартата слава на Барселона, бидејќи каталонскиот гигант се врати на победничкиот трон и ја освои титулата во Ла Лига по пауза од четири години.

Легендарниот капитен на Барса ја освојува првата титула во домашното првенство како тренер на омилениот клуб, па по големата победа над Еспањол со која беше заверен трофејот, Чави не заборави да потенцира дека овој успех е голем и носи со себе напорна работа која трае од минатата година.

– Чувството е неверојатно, завршивме голема работа. Ова започна уште во јули, напорно работевме 10 месеци, многу се жртвувавме и еве каде стигнавме. Го заслужуваат сите во клубот, навивачите и играчите. Оваа титула ни дава стабилност и сигурност за она што следи. Ја заверивме титулата со извонреден натпревар, бевме фантастични вечерва. Во првиот дел бевме брилијантни, но на крајот се опуштивме откако го решивме победникот. Овој трофеј му дава стабилност на проектот и тоа е многу добро за сите нас. Ја остваривме примарната цел и тоа е најважно. Ќе славиме со играчите, а потоа и со семејството, – изјави Чави, кој даде коментар и за инвазијата на навивачите на Еспањол, кои ја спречија прославата на теренот.

– Ги сфаќам играчите, прославата е нормална во вакви ситуации, но исто така сфаќам дека не сме во својот дом и не може да се покаже непочитување. Им реков на играчите дека најдобро ќе биде да се повлечеме во соблекувалните, – открива тренерот.