Тренерот на Барселона, Чави, ја оцени играта на Роберт Левандовски во неговиот деби натпревар во Примера.
Каталонскиот клуб вчера одигра нерешено 0:0 со Рајо Ваљекано во натпреварот од 1. коло на шампионатот на Шпанија. Напаѓачот ги одигра сите 90 минути.
– Задоволен сум бидејќи Левандовски работи за тимот. Одлично ја контролира топката и им помага на соиграчите. Но, секако ни треба поголема ефикасност. Денес ова е главниот проблем на тимот. Роберт, како и сите нас, е разочаран од овој резултат. Ќе почне да постигнува голови, тоа е прашање на време, изјави Чави.
Најдобар играч на натпреварот беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој веќе три средби по ред не дозволува да биде совладан од играчите на Барселона.