среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави: Лигата на шампионите покажува дека Ла Лига не заостанува многу зад Премиер лигата

Чави: Лигата на шампионите покажува дека Ла Лига не заостанува многу зад Премиер лигата

Тренерот на Барселона, Чави, ги спореди Премиер лигата и Ла Лига во текот на четвртфиналните средби во тековната сезона. Синоќа шпанските Реал Мадрид и Виљареал, ги елиминираа премиерлигашот Челзи, односно бундеслигашот Баерн и се пласираа во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

– Вчерашните настани докажуваат дека Ла Лига не е толку далеку зад англиската Премиер лига. Напротив, Шпанското првенство секогаш ќе остане силно. Ги гледав двата натпревара. Јас сум фудбалски љубител. Впрочем, крајната цел на Барселона е враќање во Лигата на шампионите. Што се однесува до Виљареал, сега може да се смета за голем клуб, нели? Тој треба да биде вклучен во списокот на големи клубови, изјави Чави.

Вечер (почеток 21 часот) уште еден шпански клуб има шанса да се пласира во големата четворка. Во Мадрид, Атлетико го пречекува Манчестер сити. Англичаните на првиот натпревар победија со 1:0. (МИА)