четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави: Наша победа би била голем удар за Реал

Чави: Наша победа би била голем удар за Реал

Барселона го пречекува Реал Мадрид во најновото издание на „Ел Класико“, овојпат во рамките на шпанската Ла Лига.

Тренерот на Каталонците Чави Ернандес знае дека овој натпревар нема да го одлучи шампионот, но е свесен дека бодовите се повеќе од важни.

– Ако победиме, тоа ќе биде голем удар за противникот. Нема да биде решавачки, но голем удар. Ќе се обидеме да доминираме на теренот за разлика од последното соочување, но и Реал сигурно ќе биде поофанзивно настроен. Слушам дека на некого не му е јасно како сме задоволни со победа од 1:0. Само тој што не играл фудбал, не сфаќа што значи кога против себе имаш квалитетен тим. Победата со 1:0 е одличен резултат, – истакнал Чави.