среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави по поразот на Барселона: Многу сум лут!!!

Чави по поразот на Барселона: Многу сум лут!!!

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона имаше можност да ја зголеми предноста во однос на Реал Мадрид, но беше изненаден од Алмерија и загуби на гостувањто кај оваа екипа. Тренерот Чави Ернандес не го криел разочарувањето од настапот на неговите фудбалери, кој доаѓа само неколку дена по елиминацијата во Лига Европа.

– Многу сум лут бидејќи го одигравме најлошиот натпревар сезонава. Посебно во првото полувреме. Ни недостасуваше проток на топката, интензитет, желба, не покажавме страст кон играта. Одредени работи подобривме во вториот дел, но беше потешко да ја пробиеме нивната одбрана. Ова беше лош ден за нас, но сепак имаме седум бода предност, – изјави Чави по мечот.