четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави по поразот од Кадиз: Мораме да ја анализираме нашата работа и да продолжиме понатаму

Чави по поразот од Кадиз: Мораме да ја анализираме нашата работа и да продолжиме понатаму

Тренерот на Барселона, Чави, ги искажа своите впечатоци за натпреварот од 32. коло на Шпанското фудбалско првенство против Кадиз.

Барселона иако важеше за апсолутен фаворит, на свој терен загуби со 1:0.

– Противникот делуваше агресивно во одбраната, беше добро организиран. Мора да ја анализираме нашата работа и да продолжиме понатаму. Продолжуваме да се бориме за Лигата на шампионите. Изминатата недела беше лоша за нас и треба што поскоро да ги свртиме работите. Имавме три добри шанси, но мора да ја подобриме реализацијата. Без голови нема победи. Сега треба да бидете крајно самокритични. Не бевме ефективни, истакна Чави за „Movistar“.

По овој натпревар Барселона е втора во поредокот во Ла Лига со 60 бодови, додека Кадиз е 16-ти со 31 бод.