Чави Ернандес влезе во вечерашната битка со Карло Анчелоти со три победи на претходните три дуели, но интересно беше тоа што Италијанецот беше убеден во триумф на „Камп Ноу“. По голот на Винисиус пред крајот на првиот дел, Реал Мадрид заигра со огромна самодоверба и Карим Бензема постигна хет-трик во вторите 45 минути за убедливи 0:4, пораз кој е убедливо најтежок за Чави како тренер на Барса.
– Ова ќе биде тешка ноќ за поднесување, за мене и за сите навивачи на Барселона. Ни преостанува да се натпреваруваме во Ла Лига и ќе мора да реагираме после овој тежок пораз. Се натпреварувавме многу повеќе од тоа што го кажува резултатот. Резултатот е премногу висок за тоа што го прикажавме, резултатот кажува нешто што не се случи на теренот. Во првото полувреме бевме многу добри, но Реал искористи една транзиција и погоди за 0:1. Вториот гол беше тоа што не уби и мора да бидеме самокритични. Второто полувреме беше многу лошо и немавме идеја, – гласи првата изјава на Чави по „Ел Класико“ полуфиналето во Копа дел Реј.