Каталонскиот фудбалски гигант Барселона и дефинитивно ќе се раздели со Осман Дембеле. Клубот го информираше францускиот интернационалец дека сите обиди за продолжување на соработката се пропаднати и тој нема веќе да настапува во дресот на Барса.
Оваа реакција на клубот беше експресна откако Французинот побарал сума од 200 милиони евра за наредните пет години, и дополнителни 20 милиони евра за фудбалерот и уште 20 милиони евра за неговиот агент.
Тоа беше проценето како дрзок и непромислен потег од Осман Дембеле кој сега дефинитивно ќе биде продаден.
За Дембеле има интерес од неколку клубови, а најактивни се Пари Сен Жермен и Њукасл