Тренерот на Барселона, Чави потврди дека неговиот фудбалер Усман Дембеле заминува од клубот. После натпреварот со Милан на турнејата во САД, легендата на Барса одговараше на новинарски прашања, меѓу нив беше и со ситуацијата со крилниот играч.
„Барселона ќе постои и после заминувањето на Дембеле. Ако играч не сака да игра во овој клуб, ние треба да го пуштиме. Разочаран сум од Дембеле. Разговарав со него, сакав да остане, но тој ми кажа дека веќе разговарал со ПСЖ и не сака да се повлекува и дека сака да замине. Едноставно не можеме да се натпреваруваме со понудите од богатите клубови. Нека му е со среќа“, истакна Чави.
Дембеле во 2017 година од Борусија Дортмунд за 134 милиони евра се пресели на „Ноу Камп“, а сега заминува за 50 милиони во ПСЖ.