петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави веќе почнал разговори за нов договор со Барселона

Чави веќе почнал разговори за нов договор со Барселона

Легендарниот Чави Ернандез, кој повеќе од една година е тренер на Барселона веќе почнал разговори со спортскиот сектор за продолжување на соработката, зашто актуелниот договор му истекува на лето 2024 година, но Жоан Лапорта сака да продолжи да ја гради „новата Барса“.

Откако Каталонците заглавија во тешка финансиска криза, почната е темелна реконструкција на тимот, влетнување на најдобрите млади играчи и сѕтратегија за ангажман на други многу талентирани фудбалери како долгорочен проект за Барса да се врати на старата слава. И поради ова, Чави веќе разговарал со Матеу Алемани и Жорди Кројф, па во следниот период се очекува да се постигне конечен договор за новата повеќегодишна соработка.

Чави после враќањето во Барса, сега како тренер, има 51 победа, 14 ремија и 15 порази во 80 меча со Барса, а сезонава веќе освои еден трофеј, шпанскиот Суперкуп и е на чекор да ја освои Ла Лига.