четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави веќе планира кого ќе доведе во Барселона

Чави веќе планира кого ќе доведе во Барселона

Чави Хернандес наскоро се очекува да ја добие тренерската позиција во Барселона. Легендата ќе има задача да го врати тимот во посакувана форма и во борбата за највисок пласман во сите натпреварувања.

Медиумите во Шпанија шпекулираат околу првите потези кои шпанскиот стратег ќе ги преземе, кога ќе направи кам-бек на „Камп Ноу“.  Еден од нив е незадоволниот Рахим Стерлинг, кој ја загуби довербата кај Пеп Гвардиола и целосно е надвор од конкуренција во тимот на Манчестер Сити.Вториот фудбалер е Жил Кунде од Севиља. Одличниот француски интернационалец е желба на многу европски тимови, а Чави се надева дека ќе го убеди со амбициозен проект во Барса.

Исто така Шпанецот ќе инсистира на нов договор за Осман Дембеле. Проблематичниот Французин во неговите очи има иднина во каталонскиот гигант.