Поранешниот македонски селектор и фудбалски тренер Чедомир Јаневски му се враќа на клупскиот фудбал и тоа во Кипар.
Јаневски од 2021 година работеше како асистент во селекцијата на Јужна Африка, но таа приказна е веќе зад него затоа што седнува на клупата на АЕЛ Лимасол.
АЕЛ има катастрофален почеток на сезона и по првите четири кола освои само еден бод, па поради тоа ракодвоството на клубот одлучи да се раздели со Португалецот Силас по вчерашниот пораз од Докса на Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.
Договорот на Чедомир Јаневски е до крајот на сезоната.