сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин: Мора да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот

Чеферин: Мора да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот

На отворањето на четиридневниот Конгрес на европските љубители на фудбалот во Манчестер, првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин зборуваше за изминатата сезона, со посебен осврт на финалните натпревари под покровителство на УЕФА.

Словенецот не беше задоволен од организацијата на последните натпревари во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.

„Сите сме свесни дека не беше сè совршено во Истанбул. Јас секако не ги минимизирам проблемите, но да продолжиме да работиме заедно за да го подобриме она што може да се направи. Пред сè, тука мислам на транспортот до стадионот и назад, пречекот на публиката и пристапот до вода и тоалети за сите“, рече Чеферин.

Потоа зборуваше за навивачкиот конфликт во финалето на Конференциската лига во Прага, каде играа Фиорентина и Вест Хем.

„Мораме да го кренеме гласот, да ги бараме одговорните и да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот и нормалните навивачи. Да се ​​ослободиме од оние кои фрлаат омраза кон фудбалските функционери, судиите, персоналот на УЕФА, федерациите и лигите“, заврши Словенецот.

Во Прага, италијанските хулигани ги нападнаа навивачите на Вест Хем, додека во Истанбул фановите на Манчестер Сити се жалеа од лошата организација и сообрајаќниот хаос пред почетокот на финалето.