понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин не се плаши од иднината на фудбалот и не верува во апокалиптични предвидувања

Чеферин не се плаши од иднината на фудбалот и не верува во апокалиптични предвидувања

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека не се плаши за иднината на фудбалот поради моменталната состојба предизвикана од пандемијата од коронавирус.

– Коронавирусот запре сè, вклучително и фудбалската активност. Очигледно ќе има последици, но фудбалот е позитивна енергија и навистина ми недостасува. Не се плашам за иднината на овој спорт и не се согласувам со апокалиптичните предвидувања дека фудбалот веќе нема да биде толку масивен. Јасно е дека ќе биде потребно време да се донесе во ред, но можеме да го сториме тоа, рече Чеферин за „Тутумеркато“.