четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин: Ни понудија поткуп од 3,5 милијарди евра

Чеферин: Ни понудија поткуп од 3,5 милијарди евра

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин гостуваше на ХТВ и по тој повод откри како успеал да ја урне европската Суперлига.

„Знаев дека морам да играм максимално агресивно бидејќи моравме да ја откажеме Суперлигата за 48 часа или можеби ќе имаше некои шанси да им успее. Бев сигурен дека се бориме за вистинската работа.

Тоа елитистичко натпреварување би значело дека најмалку 45 од 55-те членки на УЕФА ќе бидат блиску до банкрот. Овие луѓе се милијардери, сите им велат дека немаат реална слика. Знаев дека сме на работ, или ќе паднеме или ќе ја урнеме Супер лигата.

Имаше се, и закани и поддршка. Тие 48 часа не спиев, ниту јадев, ниту пиев, но се исплатеше“, изјави Чеферин, а потоа откри дека за Суперлигата дознал додека бил во друштво на неговиот близок соработник Звонимир Бобан.

Заедно отидовме во Швајцарија, заедно бевме во автомобилот кога тоа се случи. Беше позитивен од првиот момент. Добро е што немав покрај себе некој што плаче и кука како ќе изгубиме се и дека фудбалот ќе пропадне. Ми рече: „Ајде да се обложиме на вечера дека ќе ги срушиш за два дена“. И јас се обложувам, но сè уште не сум платил за вечера“.

„Кога се заврши се, добив покана од еден од луѓето кои лобираа за Суперлигата. Ми рече дека може да ни дадат три и пол милијарди евра за да го направиме ова натпреварување. Му кажав дека некој е луд, тој или јас. Оттогаш не се јавиле. Реално е дека десет години сме мирни по тоа прашање“, заклучи Чеферин.