четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин: Суперлигата е мртва

Чеферин: Суперлигата е мртва

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, за време на разговорот со новинарите во Аргентина изјави дека проектот за Суперлигата е мртов, пренесува Асошиејтед прес. Тој ги отфрли коментарите на Бернд Рајхарт, новиот извршен директор на A22 Sports Management, компанијата зад Суперлигата. Рајхарт рече дека иницијативата за започнување на тој натпревар сè уште постои, но во различен формат.

„Тука сме да зборуваме за фудбалот, а тоа (Суперлига) не е фудбал“, изјави Чеферин. Да потсетиме, споменатата компанија соработуваше со 12 елитни европски клубови, а во април минатата година беше најавено стартување на Суперлигата. Сепак, изборниот проект пропадна за 48 часа.

Прв официјално излезе Манчестер Сити, а меѓу клубовите од Премиер лигата следеше домино ефект, па од него се повлекоа Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Други клубови кои беа вклучени во затворениот проект на елитните клубови беа Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер и Милан.

„Сосема е разумно да се очекува почеток на Суперлигата во сезоната 2024/25. Верувам во дијалог кој би резултирал со одржлив модел за европскиот фудбал. Проектот се преоценува, се зборува за отворено натпреварување. Имаше потег по ова прашање, но нема збор за тоа дека некои клубови би имале право трајно да се натпреваруваат во Суперлигата“, изјави Рајхарт.