четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин: Ваков формат на ЕП веќе нема да поддржам

Чеферин: Ваков формат на ЕП веќе нема да поддржам

ЕУРО 2020 оваа година беше организиран во повеќе градови, а тоа предизвика незадоволство кај дел од фудбалерите кои мораа да патуваат премногу, а нервозни поради овој формат на натпреварувањето се и навивачите.

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин не е задоволен поради организацијата на Европското првенство (ЕП), па кажа дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори.

„Јас нема да поддржам ваков формат во иднина. Мислам дека е премногу напорен и не е фер за некои репрезентации, кои мораа да минуваат повеќе од 10.000 километри, додека други преминаа едвај 1.000 км“, кажа Чеферин.

„Ова не е фер ниту за навивачите. Некои мораа да бидат во Рим, па потоа во Баку до кој се лета четири ипол часа. Ова е тежок формат и мислам дека никогаш повеќе нема да гледаме вакво првенство“, вели првиот човек на УЕФА.