сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Челси го купи Каиседо за 115 милиони фунти

Челси го купи Каиседо за 115 милиони фунти

Челси успеа да ја добие битката за Моизес Каиседо. Го грабнаа „пред носот“ на Ливерпул и се договорија за трансфер на Еквадорецот на „Стемфорд бриџ“.

Каиседо пристигнува од Брајтон за неверојатни 115 милиони фунти. Фудбалерот за врска ќе потпише за Челси до 2031 година, со опција за продолжување на уште една година.

Еквадорецот речиси беше виден во Ливерпул, но тој сепак сакаше да им се приклучи на „сините“ од Лондон и таа желба му се исполни.

Дефанзивниот играч за врска брзо се проби на светската фудбалска мапа. Почна во Индепендиенте дел Вале во неговата татковина, потоа две сезони и 45 натпревари во Брајтон до тркање на великаните за неговиот потпис.