Пјер-Емерик Обамејанг неодамна го навлече гневот на навивачите и раководството на Челзи откако отиде да го гледа „Ел Класико“, а по завршувањето на натпреварот во соблекувалната на Барселона ја славеше победата со своите поранешни соиграчи.
Челниците на Челси експресно решија да го раскинат договорот со Габонецот, но не онака како што тој се надеваше.
„Сините“ ќе го пуштат Обамејанг да замине но не како слободен играч, што значи дека ќе му проапдне враќањето во Барселона.
Напаѓачот прифатил минимална плата за да се врати на „Ноу Камп“, барем така шпекулираат шпанските медиуми.