недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челси го потврди трансферот на новиот голман од Србија

Челси го потврди трансферот на новиот голман од Србија

Тимот на Челси продолжува да носи нови засилувања, сега го потврдија трансферот на српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ.

Петровиќ е 23-годишен голман кој во Челси пристигнува од Њу Ингланд Револушн, а со „сините потпиша седумгодишен договор.

„Ова е навистина голем чекор за мене, секогаш сонував да играм за еден од најголемите клубови во светот. Денес тој стана стана реалност, многу сум среќен“, изјави Петровиќ.

Петровиќ е роден е на 8 октомври 1999 година во Пожаревац и е висок 194 см. Израснал во локалната фдбалска школа Пресинг, како петнаесетгодишник продолжил во Чукарички, а четири сезони како сениор мина во тимот од Баново Брдо каде што бранел на 78 натпревари.