Фудбалерите на Челзи на гостински терен го победија Барнли со 4-0 во 28. коло од англиската Премиер лига. Сините успеаја да дојдат до нови три бода, иако по првото полувреме не изгледаше дека ќе победат така убедливо.
По првото полувреме немаше голови, но потоа Челзи го „згази“ Барнли во продолжението од натпреварот. Гостите поведоа во 47. минута кога Чалоба го ангажираше Џејмс кој погоди за 1:0. Вториот гол Челзи го постигна во 52. минута, а овојпат беше дело на Хаверц. Само три минути подоцна истиот играч повторно беше во центарот на вниманието кога го постигна вториот гол на натпреварот и зголеми на 3-0. Конечниот резултат беше поставен во 69. минута. Пулишиќ овојпат се запиша во листата на стрелците.
Со истиот резултат на домашен терен Астон Вила успеа да го победи Саутемптон. Домашните поведоа со голот на Воткинс, а вториот гол на натпреварот го постигна Луиз.Астон Вила поведе со 3-0 во 52. минута со голот на Кутињо, а само две минути подоцна Ингс ги постави конечните 4-0.
Големата серија без пораз ја продолжи Њукасл. „Страчките“ на домашен терен го пречекаа Брајтон и славеа со 2:1. Головите за домашните ги постигнаа Фрејзер и Шар, додека единствениот гол за гостите го постигна Данк. Брентфорд и денеска беше одличен, победувајќи го Норич на гости со 3-1. Фантастичен натпревар одигра Тони кој постигна хет-трик, два гола од пенал.
Кристал Палас го изненади Вулверхемптон на гостински терен бидејќи победи со 2-0. Лондонскиот клуб поведе во 19. минута со голот на Матета, а конечните 2:0 во 34. минута ги постави Заха од пенал.