четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи против Јувентус без „моторот“ на екипата

Челзи против Јувентус без „моторот“ на екипата

Н’Голо Канте ќе ги пропушти следните два натпревари за Челзи поради позитивен тест на коронавирус.

„Моторот“ во екипата на минатогодишниот победник во Лигата на шампионите нема да биде дел од големото дерби против Јувентус. Францускиот фудбалер исто така нема да се појави на дуелот од Премиер лигата против Саутемптон.

Препоните му правеа проблеми на Канте, кој направи кам-бек на терените против Манчестер Сити. Сега одново ќе паузира, овојпат поради корона-тестот кој го направи овој понеделник.

Исто така, неизвесно е дали Канте ќе биде на располагање на француската репрезентација за претстојните натпревари во октомври.