петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Четири осминафинални двојки познати, уште четири ќе се знаат денеска и утре- кој против кого може да игра?

Четири осминафинални двојки познати, уште четири ќе се знаат денеска и утре- кој против кого може да игра?

Групната фаза од Светското првенство е веќе при крајот, останаа уште само два дена од натпреварите од оваа фаза, во уште четири групи се чекаат последните натпревари, за да бидат познати сите осминафинални двојки.

Четири се веќе познати, а во нив има и едно дерби, меч на две атрактивни имиња, Франција и Аргентина, тука се и натпреварите Уругвај- Португалија, домаќинот Русија игра против Шпанија, додека Хрватска која групната фаза ја заврши со три победи ќе игра со Данска.

Остануваат уште четири групи кои треба да оформат четири пара во групата Е освен Коста Рика која е отпишана, другите три селекции може да завршат на трите преостанати позиции, доколку Бразил и Швајцарија остварат победи тие ќе бидат на првите две позиции, а за позицијата број еден или број два ќе одлучува гол разликата.

Групата Е во осминафиналето спојува со групата Ф, а таму ситуацијата е малку покомплицирана. Доколку Германија победи со Јужна Кореја и Шведска успее да победи со Мексико, тогаш Германија, Шведска и Мексико ќе имаат по шест бода, ќе одлучува мини табела од тие три тима.

Работите во групата Г се далеку појасни, таму Англија и Белгија имаат по шест бода, а Тунис и Панама се без бод, па дуелот меѓу Англија и Белгија ќе биде само битка за првото место.

Во групата Х која спојува со групата со Г, има неколку комбинации, моментално на првите две места се Јапонија и Сенегал, а тие таму ќе останат, доколку Колумбија не успее да победи со Сенегал, доколку Колумбија успее да победи, единствена надеж за африканците ќе биде да се надеваат Јапонија да изгуби со поголема разлика од нив во дуелот со Полска, која веќе нема шанси за прогрес во следната фаза.

Веќе формирани двојки во осминафиналето се:

Франција- Аргентина

Уругвај- Португалија

Шпанија- Русија

Хрватска- Данска

Според моменталната позиција на табелите осминафиналните двојки од останатите групи би изгледале вака:

Бразил- Германија

Мексико- Швајцарија

Англија- Сенегал

Јапонија- Белгија

Сепак, да напоменеме дека можни се промени во овие двомечи, со оглед на тоа што се уште не е одиграно последното коло.