петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чичарито изненаден: Мене ми плаќаат толку многу, а лекарите не земаат ништо

Чичарито изненаден: Мене ми плаќаат толку многу, а лекарите не земаат ништо

Напаѓачот на Л.А. Галакси, Хавиер Хернандез – Чичарито не го крие своето изненадување што огромни плати се плаќаат во фудбалот, а тоа не е случај во медицината.

-Не е за верување дека толку многу ме плаќаат мене за да играм фудбал, а лекарите и научниците кои бараат лек за болест што го парализира светот не земаат ништо. Јас зборувам од економска гледна точка. За мене, Сара и Ноа, оваа изолација многу влијаеше врз нас, бидејќи во последните месеци летавме од лево кон десно (од Севиља во Лос Анџелес). Во изолација, се чувствувам како да правам нешто за да помогнам на луѓето, на светот. Да, ми недостасува фудбал, ми недостасуваат тренинзите, но се прилагодувам, рече Мексиканецот во интервју за „МедиоТемпо“ . (МИА)