сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чурлинов: Скршениот нос ме врати назад, но моето мото е „одиме понатаму“.

Чурлинов: Скршениот нос ме врати назад, но моето мото е „одиме понатаму“.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов повторно е на тренинзите на Штутгарт.

Фудбалерот имаше скршенца на носот, поради која мораше да оди на операција, но повредата сега за него е минато и со специјална маска тој може да ги одработува редовните тренинзи.

Во изјава за клупската интернет-страница, Чурлинов истакна дека е среќен што се вратил на тренинзите.

„По операцијата се чувствувам многу подобро. Немам повеќе болки, морам да тренирам со маска, но другите работи се добри. Скршениот нос ме врати назад, но моето мото е „одиме понатаму“. Гледам на следните предизвици и се надевам дека во следните недели ќе имаме успеси. Го гледав натпреварот против Келн од дома, среќен сум затоа што ги освоивме трите бода. Сакав да бидам таму со тимот, но, ете… Сега ни следи тежок натпревар против Шалке 04, но силно верувам во мојот тим“, изјави Чурлинов

Чурлинов дојде во Штутгарт во 2020 година од редовите на Келн, а досега одигра шест натпревари на кои постигна еден гол. Претходно, младиот играч во кариерата ги носеше дресовите на Келн, Магдебург, Ханза Рошток, Вардар и Работнички како младинец.