Македонскиот фудбалски репреезентативец и еден од најдобрите членови во младата репрезентација на нашата земја Дарко Чурлинов, кој во моментов настапува за Штутгарт, ќе биде извесен период надвор од фудбалските терени.
Чурлинов заработи повреда при последниот тренинг на неговата екипа, а според последните информациите од Германија, можеби ќе треба да оди на оперативен зафат.
Кај Чурлинов е потврдена фрактура на носот, па сигурно дека извесен период нема да им биде на располагање на соиграчите во германскиот клуб.
Првите прогнози велат дека Чурлинов пет недели ќе се опоравува од оваа несакана и незгодна повреда.