вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Даблин за потегот на Роналдо: Ако јас бев тренер, ќе го задавев (ВИДЕО)

Даблин за потегот на Роналдо: Ако јас бев тренер, ќе го задавев (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед се прикажа во одлично светло и го победи Тотенхем со 2-0 во вчерашното дерби во Премиер лигата, но овој триумф падна во сенка во потегот на Кристијано Роналдо.

И покрај одличниот резултат ветеранот по се изгледа беше лут што не доби шанса од менаџерот Ерик Тен Хаг, па предвреме замина во соблекувалната. Овој потег наиде на осуда од навивачите, јавноста, аналитичарите, но и на дел од поранешните играчи на клубот како што е Дион Даблин.

-Да бев менаџер на Манчестер Јунајтед, ќе го задавев. Неговиот став е неприфатлив. Имаше неверојатна кариера, но токму поради таа причина требаше да остане на теренот и да ги почитува соиграчите, -порача Даблин кој го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ од 1992 до 1994 година.

Тим Шервуд беше поблаг со критиките и истакна:

-Шокиран сум. Роналдо покажа дека не го почитува тренерот. Го сакам Кристијано и неговата игра, но ваквите скандали не му одговараат, -рече Шервуд.