Португалија само уште неколку дена ќе биде бранител на трофејот од Лигата на нации, која ја освои пред две години во своето прво издание. Хрватска е првиот финалист во второто издание, откако во антологиски дуел, кој траеше 120 минути, ја совлада Холандија во Ротердам со 2-4.
Со играта во вториот дел и во продолжението, тимот на Златко Далиќ ја демонстрира својата моќ и карактер.
„Како само момците се бореа, се бодреа еден со друг..Победена е Холандија на нивни терен.„Капа долу“ на сите. Хрватска обезбеди уште еден медал. Одработивме фантастични осум тренинзи, ништо не нè вознемируваше. Хрватска е пред сè и за неа сè поднесуваме. Оваа победа секако е една од најважните во историјата на хрватската репрезентација. Ние никогаш не „паѓаме“, имаме и квалитет и карактер. Не ми е важно со кој ривал ќе играме в недела. Сребро и бронза имаме, сега одиме по злато“, рече Далиќ.