петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Данците не можат да се помират со поразот: Се беше наместено за Англија да оди во финалето

Данците не можат да се помират со поразот: Се беше наместено за Англија да оди во финалето

Англија со 2:1 ја совлада Данска по продолженијата во полуфиналето на ЕП, а ниту по проспиената ноќ не стивнуваат страстите по контроверзно досудениот пенал за „Гордиот Албион“.

Победничкиот гол го постигна Хари Кејн во финишот од првото продолжение откако прво Каспер Шмајхел го одбрани пеналот на напаѓачот на Англија, но не можеше да го запре вториот удар. На пеналот му претходеше најконтроверзниот момент на натпреварот, судијата Дани Макели досуди пенал за Англија по сомнителниот старт над Рахим Стерлинг и токму таа одлука предивикува највеќе контроверзи и дискусии во европската фудбалска јавност.

Данците веќе се помирија со податокот дека „војната“ е неправедно загубена, но уште долго време ќе се зборува за овој натпревар.

– Се беше режирано за победа на Англија. Вообичаено на европските првенства, една половина од стадионите е во бојата на една репрезентација, а втората половина на другата репрезентација, меѓутоа ова изгледаше како домашен натпревар за Англија- се зборовите на данскиот селектор Каспер Хјулманд за данскиот таблоид БТ кој во најавата за натпреварот упати провокација кон Англичаните.

„Замислете да можеше 30.000 дански навивачи да можеа да присуствуваат на натреварот, но наместо тоа Англичаните воведоа смешни корона мерки и ги спречија нашите навивачи да отпатуваат во Лондон. Но, не беше само атмосферата, целиот спектакл околу полуфиналето изгледа како англиска забава за финале“, пишува данскиот таблоид.