среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Даниел Аврамовски: Ова е голем успех за сите нас

Даниел Аврамовски: Ова е голем успех за сите нас

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со подготовките за континенталниот собир. Даниел Аврамовски кој беше дел од У21 селекцијата на ЕП во Полска, вели дека нашата селекција е подготвена да ги изненади сите противници и да стигне до самата завршница на овој собир.

„Со У21 репрезентацијата настапив на Европско првенство, но сега возбудата е далеку поголема, затоа што играме на големо натпреварување со најдобрите селекции во Европа. Ова е голем успех за сите нас, а јас се надевам на добра претстава на шампионатот и посакувам добар резултат, бидејќи крајот го краси делото. Се надевам дека можеме да ги изненадиме сите репрезентации и да направиме голем успех. Ние сме професионалци и го даваме максимумот на сите натпревари, а како спортисти треба да се надеваме на голем успех и пласман во финале. Со нетпрение го очекуваме првиот натпревар, имаме позитивна трема, но имаме и голема желба да ја претставиме Македонија во најдобро светло“, вели Аврамовски.