сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Данило во Нотингем форест, Дуран во Астон Вила

Данило во Нотингем форест, Дуран во Астон Вила

Англиските фудбалски прволигаши, Нотингем форест и Астон вила, ги засилија своите редови за продолжението на сезоната во Премиер лигата со играчи од Јужна Америка.

Нотингем Форест го донесе во своите редови 21-годишниот бразилски дефанзивец Данило, додека Астон вила се засили со 19 – годишниот колумбиски напаѓач Џон Дуран.

Форест со Данило потпиша договор на шест и пол години и за неговите услуги на бразилскиот прволигаш Палмеирас му плати обесштетување од 20 милиони евра.

Дуран се пресели во Вила од редовите на американскиот клуб Чикаго во кој мина една година и постигна осум голови на 27 натпревари. За комплетирање на трансферот ќе се почека Дуран да добие работна дозвола.  (МИА)