Данска го живее сонот од 1992 година, откако после 29 години повторно стигна до полуфинале на Европското првенство, но овој пласман за бившиот европски првак е историски.
Ни една селекција досега во 16 турнири во историјата, почнувајќи од 1960 година не стигнале до полуфинале после воведни два порази на стартот на првенството, а на Данска и успеа такво нешто, па откако стана прв тим што минал групна фаза по воведни две загубени мечеви, сега таа бајка продолжува до полуфинале.
Данците со 2-1 ја победија Чешка за пласман во полуфиналето и сега го чекаат победникот од мечот Англија – Украина за пресметката во среда на 7 јули за место во големото финале
1 – Denmark are the first team to qualify for the semi-final of an edition at the EURO after losing two games in the group stage of the competition. Resurrection. #DEN #EURO2020 pic.twitter.com/GYdsntzIY4
— OptaJean (@OptaJean) July 3, 2021