недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дарко Чурлинов избран во тимот на колото

Дарко Чурлинов избран во тимот на колото

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов пред неколку дена постигна гол за Шалке во германската Цвајта за да му помогне на тимот да освои три бодови против Падерборн (2-0) и поради тоа беше избран во тимот на колото.

Чурлинов во 74. минута ја затресе мрежата на противникот за да го запише неговиот втор гол сезонава за Шалке, па така доби место во екипата на колото, каде што друштво му прават уште тројца колеги од тимот.

Талентираниот македонски фудбалер сезонава игра на позајмица во Шалке од Штутгарт со кој има соработка до 2024 година, а покрај двата гола, Чурлинов запиша и една асистенција.