Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски веќе некое време беше слободен фудбалер откако му заврши договорот со Ријека.
Меѓутоа тој остана спокоен, ја очекуваше најдобрата понуда која по се дојде од Саудиска Арабија. Последните информации е дека стоперот се договорил со Етифак.
Ова за Даре ќе биде прво искуство надвор од Балканот (досега играше за Работнички, Вардар и Ријека) и Европа и тоа во земја во која веќе имаме еден репрезентативец Александар Трајковски кој е член на Ал Фејха.