Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ќе има нов клуб во новата сезона затоа што официјално ја напушти Ријека.
26-годиишниот стопер беше на истек на договорот и откако двете страни не се договорија за нова соработка, Велковски тргнува во нов предизвик. Дефанзивецот беше на мета на повеќе клубови од странство, па сигурно нема да му биде тешко да пронајде нов клуб.
Дарко Велковски беше во Ријека во последните четири години. Оваа сезона беше еден од постандардните во тимот, но не дојде до продолжување на соработката. Во хрватскиот прволигаш дојде од Вардар, а претходно играше и за Работнички.
Велковски е и стандарден репрезентативец на Македонија од 2014 година.