Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски кој ги пропушти претходните две средби поради повреда стартуваше од првата минута na me;ot so Germanija i odigra odli;en me;.
По натпреварот, Велковски за спортскиот портал Gol.mk ги сподели импресиите од триумфот во Дуизбург.
„Капитенот Пандев на прес-конференцијата пред мечот најави дека се случуваат чуда, тоа и селекторот ни го говореше пред меч, дека кога ќе каже капитенот нешто, тоа може да се оствари. Сите имавме самодоверба и верувавме во такво чудо. После првото полувреме кога поведовме пред крајот, уште повеќе се зголеми самдоовербата кај нас дека можеме да изненадиме. Кога примивме гол, не паднавме психички. Физички беше исцрпувачки да се игра со Германија, посебно за мене, затоа што не тренирав три недели и ги пропуштив последните два меча. Фала му на Бога, издржав до крај. Дадовме гол за 1-2, потоа го затворивме мечот. Германија е една од најквалитетните селекции, но имаме играно и со Шпанија со Италија. Со нив сме играле исто така добро, но не сме имале резултат. Ова е првпат да дојде резултатот до израз со тие силни селекции. Направивме доста успеси и се надевам дека ќе продолжиме така“, ни изјави Велковски.
Токму стоперот беше пред Емре Џан, кога германскиот репрезентативец ја удри топката со рака и Маедонија не доби чист пенал. За време на мечот тој немал увид на ситуацијата, но по прегледот на снимата смета дека тоа е најстрога казна.
„Судењето не би сакал да го коментирам, јас кога ја удрив топката бев пред Џан и не видов што се случува. Но, сега видов дека е чиста рака на видео и дека е надвор од телото и од природна положба. Можеше судијата лесно да покаже пенал. Но, најважно е дека победивме“, заврши тој.