Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски нема да го продолжи договорот со хрватска Ријека и во новата сезона ќе има нов клуб соопштија хрватските медиуми.
26-годишниот стопер имаше четиригодишен договор со тимот од „Рујевица“ и двете страни ќе се разделат по крајот на актуелната сезона. Ријека ќе претрпи промени, а во реконструкцијата ќе си оди и Велковски, за кого се вели дека нема да добие нова соработка.
Стандардниот македонски репрезентативец во Ријека дојде во 2018 година од редовите на Вардар. Имаше чести повреди на стартот, но потоа се афирмира во првотимец и за клубот досега запиша 75 настапи на кои даде два гола и две асистенции.