четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Давид Бабунски потпиша за Дебрецин

Давид Бабунски потпиша за Дебрецин

Македонскиот фудбалер, Давид Бабунски кариерата ќе ја продолжи во унгарското првенство откако стави потпис на договор со Дебрецин.

Давид Бабунски потпиша двегодишен договор со унгарскиот клуб Дебрецин кој е повратник во најдобрата лига од оваа земја.

Дебрецин е легендарен клуб од Унгарија, седумкратен шампион, но клуб кој имаше и падови. Минатата година го освоија првото место во унгарската лига, а целта за следната е да се борат и за позициите кои водат во Европа.

По заминувањето од Барселона каде беше дел од младинскиот и вториот тим, Давид Бабунски играше за Црвена Звезда, Јокохама, Омија, Ботошани и Виторул Константа. За македонската репрезентација има девет меча.