Шпанскиот голман, Давид де Хеа, на крајот од сезоната најверојатно ќе си замине од Манчестер јунајтед по 12 години поминати на Олд трафорд.
Договорот на Де Хеа со Јунајтед истекува на крајот од сезоната, но управата на Црвените ѓаволи, не сака да му понуди нов договор бидејќи сака да се ослободи од неговите големи примања.
Како наследници на Шпанецот на голот на Манчестер јунајтед, се споменуваат Дин Хендерсон кој брани одлично во Нотингем форест каде настапува како позајмен играч токму од Јунајтед, како и голманот на репрезентацијата на Швајцарија, Јан Зомер.
Давид де Хеа во Манчестер јунајтед пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 25 милиони евра.