Фудбалерот Давид Силва соопшти дека се повлекува од шпанската репрезентација.
Силва во дресот на Шпанија одигра 125 натпревари, а дебитираше во 2006 година и по 12 години ја завршува репрезентативната кариера.
– Размислував долго и не беше лесно да се донесе оваа одлука. Националниот тим ми даде многу и ми помогна да созреам како фудбалер и како личност, истакна 32-годишниот фудбалер.
Фудбалерот на Манчестер сити беше дел од славната генерација на шпанската репрезентација, која ги освои Европските првенства во 2008 и 2012 година, како и Светското првенство во 2010 година.
Во саботата и Жерард Пике соопшти дека се повлекува од шпанската фудбалска репрезентација.