Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин се опоравува побрзо отколку што се очекуваше од повредата на коленото и се надева дека ќе се врати на теренот за дербито против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата во ноември.
Белгискиот репрезентативец, кој постигна осум гола и направи 16 асистенции за шампионите во Англија минатата сезона, се повреди на тренинг во август.
Де Бруин рече дека ќе продолжи со тренинзите во октомври и се надева дека ќе игра во дербито на Манчестер на 11 ноември.
– Се уште ми требаат три, четири, пет седмици, но јас сум подобро, се надевам дека ќе се вратам за да му помогнам на тимот. Мислам дека ќе бидам подготвен за дербито против Јунајтед, додаде белгискиот репрезентативец.
Манчестер Сити моментално е трето место во Премиер Лигата со 13 поени, а во сабота оди во посета на повратникот во елитата, Кардиф.