Во пресрет на полуфиналниот натпревар против Франција на Светското фудбалско првенство, репрезентативецот на Белгија, Кевин де Бруин, вели дека тој и неговите соиграчи се целосно фокусирани на мечот и не размислуваат за трофејот.
– Знаеме дека нашите навивачи очекуваат многу од нас. Имаме единствена атмосфера во тимот, а класата на играчи и нивото на тренерскиот персонал ни дозволуваат да се бориме за највисоките места. Не сакаме да зборуваме за освојување на Светското првенство. Ние се обидуваме да се концентрираме од натпревар на натпревар и да ја избегнеме еуфоријата. Но, ние сме уникатно решени да победиме на секој дуел и да го постигнеме максималниот можен резултат.
Првото полуфинале од Мундијалот во Русија се игра вечер во Санкт Перебург со почеток во 20 часот.